Црква Св. Ѓорѓи - село Курбиново, Општина Ресен - фото галерија
Црквата Св. Ѓорѓи во близина на село Курбиново е изградена во 1191 година (XII век), што се гледа од натписот над олтарот за време на владеењето на Исак II Ангел. Сместена е на 1 километар источно од селото, во XVII век била запуштена, а во текот на XIX век била обновена.
Црквата Св. Ѓорѓи своето место во ризницата на светските вредности го обезбедува со сочуваниот фрескоживопис. Фрескоживописот од дванаесеттиот век е сочуван скоро во целост, освен уништениот дел од претставите во првата зона на северниот ѕид и дел од јужниот, како и горниот дел од третата зона.
Повеќе за Црквата Св. Ѓорѓи...
Фотогалеријата е направена во месец мај 2018 година. Уживајте!!!

Leave a Comment