Село Груниште - Мариово - фото галерија
Село Груниште се наоѓа на десната страна на Црна Река, на надморска висина од 742 м, 52 км од Битола.
Во Груниште постојат две цркви, Св. Димитрија и Св. Петка.
Црквата Св. Димитрија е изградена 1860 година. Претходно во неколку наврати месното население се обидело да ја изгради, но истата била туркана од турските власти. До црквата има изградено камена камбанарија, а во рамките на црквата се и селските гробишта, каде се закопани српски и бугарски војници од Првата светска војна.
Црквата „Света Петка,, изградена е 1925 година од извесен Ристе Венин, кој на влезот на црквата поставил спомен плоча, која и денес се наоѓа на истото место. Во црквата има извор со вода, за кого месното население верува дека е света - лековита вода.
Leave a Comment