Манастир Св.Димитрија - Велес

Манастирот Св. Димитриј се наоѓа на околу два километра јужно од Велес, на десната страна од реката Вардар.
Според историските податоци се верува дека манастирот датира од постаро време, уште од кога постоел стариот град Вилазора. Во XIV век, храмот Св. Димитриј го обновил властелинот на цар Душан-Раденко со својата мајка, а денешниот изглед манастирот го добил во XIX век.
Имено, со освојувањето на Велес од страна на Турците, манастирот бил затрупан, со нанос на земја и карпи. Се претпоставува одронот се случил поради бомбардирањето на градот. Вака затрупан манастирот стоел заборавен околу четири и пол века се до 1855 година кога манастирската црква била обновена и реновирана.
Зографските работи ги извршил познатиот зограф Хаџи Коста Крстев.

Особено интересна кај храмот Св. Димитриј е камбанаријата, која е поврзана со храмот и изгледа како да е составен дел од западната страна.

Фотографии: OFF ROAD Macedonia...

Манастир Св.Димитрија - Велес

Манастир Св.Димитрија - Велес

Манастир Св.Димитрија - Велес

Манастир Св.Димитрија - Велес

Манастир Св.Димитрија - Велес

Манастир Св.Димитрија - Велес

Манастир Св.Димитрија - Велес

Манастир Св.Димитрија - Велес

Powered by Blogger.