Антички театар - Охрид, Македонија

Антички театар - Охрид, Македонија -панорама
Античкиот театар во Охрид е сместен под Самоиловата тврдина во близина на Горна Порта и црквата Пресвета Богородица Привлептос.
Изграден е при крајот на 3 век п.н.е., во периодот на доцниот хеленизам и бил наменет за прикажување на драмски, музички и поетски претстави на љубителите на театарската уметност.
Бил граден по угледот на прочуените грчки камени градби од овој вид, со богата архитектонска декорација, особено на театарската зграда која што била украсена со фриз од барелјефни плочи на кои биле вклесани сцени од животот на боговите. На две такви мермерни плочи, кои денес се чуваат во Охридскиот музеј, претставен е богот Дионис во друштво со Музите.
По римските освојувања на овие краеви во 148 година п.н.е., театарот бил приспособен за потребите на римскиот начин на живот и бил преуреден во театарски простор со арена за гладијаторски борби.
Во почетокот на IV век од новата ера, со прифаќањето на христијанството, театарот бил разурнат и материјалот бил искористен за градба на најразлични објекти.
Театарот бил откриен по археолошките истражувања во 1935 година, а точната локација и големината конечно биле утврдени во приодот 1959-1960 година.
Во 1999 година започнал проектот на целосно откривање на театарот и негово ставање во функција и од 2001 година почнуваат да се одржуваат драмски претстави, музички приредби и разни други манифестации.

Антички театар - Охрид, Македонија - поглед кон север

Антички театар - Охрид, Македонија - поглед кон север

Антички театар - Охрид, Македонија - поглед кон запад

Антички театар - Охрид, Македонија - поглед кон сцената

Антички театар - Охрид, Македонија

Антички театар - Охрид, Македонија


Powered by Blogger.