Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Црквата Пресвета Богородица Привлептос во стариот дел на Охрид во близина на Горна Порта е изградена пред 1295 г и е најстара и најубава црква во Охрид. Ктитор на црквата е византискиот војсководец Прогон Згур, зет на византискиот император Андроник II Палеолог.
За време на турското владеење кога Климентовата црква Св. Пантелејмон била претворена во џамија, моштите на Св. Климент биле пренесени во црквата Пресвета Богородица, па локалното население започнало да ја нарекува оваа црква Св. Климент.
Кога подоцна и најголемата охридска црква Св. Софија била претворена во џамија, црквата Св. Климент (Пресвета Богородица Привлептос) станала соборна на Охридската архиепископија и во неа биле преместени голем број на икони, книги, ракописи и црковни премети.
*Под името Св. Климент црквата е позната до 2002 година кога по градењето на храмот Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник, моштите на Св. Климент се пренесени во новиот храм, а црквата повторно го добива првобитното име Св. Богородица Перивлепта.
Основата на црквата „Света Богородица“ Перивлепта е во облик на впишан крст и за нејзината изградба се користени тули и бигор.
Над централниот дел од црквата се издига купола чиј тамбур се држи на четири столба. На источната страна црквата завршува со олтарна апсида.
Живописот во црквата ја вбројува помеѓу најзначајните средновековни споменици во Македонија и е дела на двата средновековни зографи: Михаило и Евтихиј.
Во склоп на црковниот комплекс особено интересна е и Галеријата на икони, гробот на Григор Прличев и камбанаријата која е донација од познатиот научник - Михајло Пупин. Во непосредна близина црквата е седиштето на Дебарско-кичевска епархија на Македонската православна црква.

Фото галерија

Фотографирано: месец октомври 2017 година
Влез во комплексот Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Влез во комплексот Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Влез во комплексот Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Врата од камбанаријата - Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Спомен плоча пред камбанаријата во чест на Михајло Пупин - Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Камбанарија донација од Михајло Пупин - Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Седиште на Дебарско-кичевска епархија на Македонската православна црква

Седиште на Дебарско-кичевска епархија на Македонската православна црква

Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Галерија на икони - Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Панорама - Охрид - поглед од дворот на црквата Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент)

Охрид - панорама - поглед од дворот на црквата Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент)



Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија

Охрид - панорама - поглед од дворот на црквата Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент)

Панорама - Црква Пресвета Богородица Привлептос (Св. Климент) - Охрид, Македонија



Powered by Blogger.