Григор Прличев - спомен куќа - Охрид, Македонија
Родната куќа на Григор Прличев во Охрид била изградена најверојатно во првите децении на XIХ век, имала двор на јужната страна со поглед кон Охридско Езеро. Истата покасно исчезнала се до 1997 година кога била покрената иницијатива за нејзино обновување на автентичната локација.
Камен темелникот бил поставен во 1998 година и две години покасно куќата била отворена.
Донатори на за обновување на куќата биле познатиот бизнисмен Минчо Јорданов и неговата сопруга Јелица, а автор на проектот за возобновување беше охридскиот архитект Митко Паскали.
Во куќата е сместена пригодна музејска поставка и простор отворен за одржување на пригодни културни манифестации.
Моментално со објектот располага НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

Адреса:
- Ул. "Григор Прличев" бр. 66, 6000 Охрид
- Работно време: Се отвара по најава на посетители и манифестации
Leave a Comment